(ВИДЕО) Паника во Подгорица, се евакуира Собранието

Полицијата проверува дали во зградата на Собранието на главниот град на Црна Гора е поставена експлозивна направа, а на местото се испратени екипи на Итната медицинска помош и службите за заштита и спасување, дознава „Вијести“.

Според истите информации, работник од обезбедувањето во таа зграда нешто пред 19 часот пронашол белешка со порака дека ќе бидат кренати во воздух.

Во тек е евакуација на објектот и контрадиверзантски увид.

Advertisements

Може да погледнете на следниов линк.