И цената на месото треба да се замрзне – Бранимир Јовановиќ

Месото и месните производи треба да бидат следните на ред за замрзнување, изјави Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за економија, во своето вечерашно вклучување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат.

„Многу е поважно да се замрзне месото отколку тестенините, оризот и слично затоа што многу повеќе луѓето трошат на месо отколку на друго. Во потрошувачката кошница месото учествува со 9%“, рече Јовановиќ.

Владата ги замрзна цените на лебот, тестенините и млекото и млечните производи, за да го запре растот на цените.

Advertisements

Во следиот период не е исклучена можноста да се интервенира и кај цените на зеленчукот и овошјето ако трговците и производителите не ги следат светските текови за намалување на цените.