Ковачки: Военото разузнавање е за потсмев – испратиле оперативци во Косово, но уште првиот ден ги уапсиле

Оперативци – разузнавачи пред 10-тина дена биле испратени на задача во Косово од страна на министерот Славјанка Петровска, но истиот ден кога дошле на Косово, биле приведени поради сомнителни активности, пишува на својот Фејсбук профил Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

То вели дека со оваа неуспешна мисија, Воената служба за безбедност и разузнавање во Министерство за одбрана е направена за потсмев.

„И воената служба за безбедност и разузнавање во Министерство за одбрана ја направија за потсмев.
Оперативци-разузнавачи пред десетина дена биле испратени на задача во Косово од страна на министерката Славјанка Петровска, но истиот ден кога дошле на Косово, биле приведени поради сомнителни активности. (!!)

Advertisements

Цели 10 дена од Министерството за одбрана молчат за апсењето на оперативци на Воената служба за безбедност и разузнавање во Косово. Што барале дополнителни разузнавачи на територија на Косово каде што веќе има НАТО мисија и зошто Славјанка Петровска ги испратила оперативците без амин од одговорниот командант, останува да одговори министерот за одбрана.

Не сакам ниту да помислам дека нашите разузнавачи биле уапсени затоа што на странска територија се претставувале дека се разузнавачи. Инаку, за да ја покријат неспособноста, веднаш после неколку дена, Славјанка Петровска испратила дополнителни офицери од истата служба на Косово, но овој пат со најава кај надлежните и под плаштот дека треба да вршат разговори со припадниците на македонскиот контингент кој е на мисија во Косово. Случајот е забошотен, како и сѐ друго досега. Колку за појаснување, одговорните раководители на воената служба кои ја доведоа истата служба до ниво на потсмев, се наградени со девизни плати од 3-4.000 евра месечно – едниот од Радмила Шекеринска со неколкугодишна мисија во ОБСЕ во Виена, а вториот од Славјанка Петровска и од Стево Пендаровски во Брисел“, напиша Ковачки на Фејсбук.