Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензиите за месец јануари 2023 година, која треба да овозможи пензионерите да може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 30 јануари и тоа во четири групи.
„За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30 јануари (понеделник), за пензии со висина од 11.001 до14.000 денари, исплатата да се изврши на 31 јануари, (вторник), за пензии со висина од 14.001 до 18.000 денари, исплатата да се изврши на 1 февруари (среда) и за пензии со висина над 18.001 денар, исплатата да се изврши на 2 февруари (четврток)“, се вели во информација од Владата по завршувањето на денешната 121-ва седница.