Македонскиот прволигаш ФК Скопје утре требаше да замине во Бугарија и да одигра пријателски натпревар со Пирин. Меѓутоа, мечот е откажан од безбедносни причини, пишува порталот Топ спорт.
Како што јавуваат медиумите локалната полиција добила информација за можни навивачки нереди поради гостување на тим од Македонија и препорачала сепак натпреварот да не биде одигран.