Македонската економија ќе се раздвижува со увоз на работници од странство

Македонската економија ќе се раздвижува со увоз на работници од странство, пазарот ќе се либерализира, но дали целосно или таргетирано, се уште е отворена дилема, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервју за Дојче веле.

Фокусот во старт, посочува Битиќи е регионот на Западен Балкан. Идејата е да се зголемат и годишните квоти, а ако има потреба и општа согласност, да се таргетираат и трети земји

„Точно е дека се уште постои висока стапка на невработеност која изнесува 14 отсто и е со тренд да се намалува во наредниот период, но соочени сме и со сериозен одлив на кадар од државата.Овој тренд е присутен не само кај нас, туку во сите земји од Западен Балкан и се должи на она што се случува и во земјите од Европската унија, како Германија, Франција, Белгија, кои ги отвораат пазарите на труд, но исто така имаат и миграција на работници во трети земји, вели Битиќи.

Advertisements

Тој вели дека не би требало да имаме привилегирана земја кон која ќе се насочиме и затоа, како што вели, неделава ќе се раззговара детално со стопанските комори, организацијата на работодавачите, за да видиме што, каде и колку ни е потребно.

„Има одредени сектори кои покажуваат преголема ранливост, како на пример градежништвото, угостителството и туризмот како најпогодени. Но треба да видиме конкретно и за другите потреби, затоа и зборуваме и ќе разговараме со бизнис заедницата кои се другите потреби и што треба да направиме. Прво ќе ги идентификуваме сите сектори и ќе мора да воведеме правила. Нема да дозволиме во одредени сектори 90 отсто од работниците да бидат увезени, а 10 отсто да бидат наши. Мора да има приоритет јавниот интерес и секако заштитата на нашите граѓани е на прво место. Ние можеме да обезбедиме да донесeме, да помогнеме, но не да бидат тие носечки кадри. Со стратегијата на носење на работна сила, да се зголеми конкурентноста, а тоа е прв момент кон зголемување на продуктивноста, вели Битиќи.