Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари за литар, а цената на дизел горивата се намалуваат за 1,5 денар, соопштуваат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Со најновата одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,67 отсто.
Advertisements
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 84, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 78,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 77 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,065 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,411 денари.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Финска на суд поради ограничување на цената за пренос на струјата
Пропадна тендерот за пругата кон Бугарија
Над 200.000 граѓани ова лето купиле патничко осигурување за годишен одмор во странство
Мицкоски и Орбан договорија позајмица од половина милијарда евра во Вашингтон
Како до поевтин интернет и кабелска? - Николоски најавува трет мобилен оператор