Минималната синдикална кошничка за мај изнесува 68.743 денари

Минималните месечни трошоци за едно семејство во Македонија во мај годинава изнесуваат 68, објави 4news.mk 743 денари, покажуваат најновите податоци што ги објави Сојуз на синдикати на Македонија. Во споредба со претходниот месец, вредноста на синдикалната кошничка е намалена за 54 денари.

Според пресметките на ССМ, најголем дел од трошоците отпаѓаат на храна и пијалоци, за кои се потребни 25.475 денари, што претставува 37 проценти од вкупната минимална синдикална кошничка.

Од Синдикатот посочуваат и дека доколку се пресметаат трошоците за изнајмување стан од 60 квадратни метри, тогаш вредноста на минималната потрошувачка кошничка за мај достигнува 84.117 денари.