На едно четиричлено семејство во јануари годинава му биле потребни 50. 909 денари, велат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Така во јануари годинава, синдикалната потрошувачка кошничка е зголемена за 110 денари.
Кога оваа сума се спореди со минималната потрошувачка кошничка пресметана за февруари 2022 година, тоа значи дека трошоците што ги има едно четиричлено семејство за една година се зголемиле за речиси 15 илјади денари.
Според податоците од синдикалната потрошувачка кошничка што ја изработува ССМ, најголем дел или 19. 379 денари се трошат за храна и пијалаци, а 13. 306 денари за комунални трошоци.
Само за превоз минимум се потребни 3. 679 денари, а за хигиенски производи 3. 154 денари.
Во февруари минатата година ССМ пресмета дека минималната синдикална кошничка изнесува 36. 146 денари.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2022 година, изнесува 34 364 денари.