„Дрим тим. По еден процес и долг и предизвикувачки ден, анти-стрес забава за одбележување на заедничкиот успех. Денес е голем ден!“, објави попладнево на Фејсбук вицепремиерот Артан Груби.
Тој на објавата додаде и фотографии на кои се гледа дека министрите на ДУИ играат фудбал во канцеларија и одлично се забавуваат.
Дрим тимот освен Артан Груби го сочинуваат и Бујар Османи, Крешник Бектеши, Јетон Шаќири, Фатмир Бесими и Насер Нуредини.
Advertisements