Просечната нето плата за октомври изнесувала 33.104 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври годинава изнесува 33 104 денари и во однос на октомври лани е зголемена за 13,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (19,6 проценти), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19,3 проценти) и Преработувачка индустрија (17,6 проценти).

Како што наведува ДЗС, зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6,7 проценти), Други услужни дејности (3,9 проценти) и Дејности во врска со недвижен имот (3,2 проценти).

Advertisements

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври годинава изнесува 49 585 денари.