Грција ги удвојува субвенциите за струја на домаќинствата и бизнисот

Грчкиот министер за животна средина и енергетика Костас Скрекас денеска ги најави новите субвенции за електрична енергија, во износ од 840 милиони евра за јануари, за да продолжат да им помагаат на домаќинствата и бизнисите да се справат со високите цени на струјата, пишува весникот „Катимерини“.

Вкупниот износ на субвенцијата за електрична енергија за домаќинствата и претпријатијата изнесува 840 милиони евра, двојно повеќе од доделената во декември.

Advertisements

Најголем дел доаѓа од оданочувањето на вишокот профит на производителите на електрична енергија, како и на комуналните претпријатија.

Субвенцијата е без приходен критериум и не зависи од давателот. Ќе изнесува 330 евра за месечна потрошувачка до 500 киловат часови, а во оваа категорија спаѓаат 9 од 10 домаќинства во Грција. На овој начин се компензира речиси 90 отсто од зголемувањето, најави Скрекас.

Загрозените домаќинства кои се вклучени во социјалната тарифа на домаќинствата ќе добијат 378 евра за мегават час, при што државата покрива 100 проценти од поскапувањето за нив.

Домаќинствата со природен гас ќе добијат субвенција од 20 евра за топлински мегават час. Ова погодува 700.000 домаќинства, без оглед на големината на домот и приходите,