Проверете дали ве има на списокот за државна помош од 3.000 денари – објавен е денеска

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека согласно Законот за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на нивната веб-страница.

Списокот, велат од надлежното министерство, се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците, а најдоцна до 9 јануари 2023 година.

Паричните средства за корисниците на финансиска поддршка за справување со енергетската криза ќе бидат исплатени на 12 јануари 2023 година.

Advertisements
На веб-страницата на Министерството за труд и социјална политика се објавени корисници на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок поради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.

На веб-страницата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија се објавени корисници на пензија во висина не поголема од 11 525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14 000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување.

На веб-страницата на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија се објавени невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок.

Приговорот може да поднесеte преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или преку електронската пошта mtsp@mtsp.gov.mk