Само леб ли ќе јадеме? – замрзнете ги и другите цени

Само леб ли ќе јадеме?, зошто Владата да не ги замрзне цените и на јајцата, млекото да поевтини, сирењето, ако веќе решиле да не јадеме месо… не бараме преку леб погача. Вака граѓаните ги коментираат најавите за замрзнување на лебот, мерка која се очекува да биде спроведена во вторник.

Министерот за економија Крешник Бектеши, како што објавивме претходно, најавиа замрзнување на цената на лебот на 33 денари.

„Мерката ќе важи од вторник и ќе биде на сила се додека е во интерес на граѓаните, вели министерот Бектеши.

Advertisements

Мерката за замрзнување на цените владата ја презема, откако анализата на Министерството за економија покажала дека кај голем дел од компаниите од прехранбената индустрија кои користеле субвенционирана електрична енергија од ЕСМ Продажба по цена од 80 евра за мегават час, немало намалување на цените на основните прехранбени производи.

Според пратеникот Тони Јаревски имаме инфлација на пример на лебот и на житата од 39,1%? Инфлацијата на масло и масти е од околу 18,4%. И 36% има зголемување кај млекото, сирењето и јајцата“, вели Јаревски.

Потоа има има 28,3% има зголемување на цените кај месните производи.

„ Храната и безалкохолните пијалоци просечно 25%, ресторани и хотели 21% итн. Ова се поразителни показатели, но ете можеби некој се гордее од Владата“, вели пратеникот Јаревски.