Во вторник ќе се замрзне цената на лебот

Владата во вторник ќе донесе одлука за замрзнување на цената на лебот, по што белиот и полубелиот леб нема да смее да се продава по цена од над 33 денари. Ова ќе биде само прв чекор, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

„„Не може да има разлика во делот на цената на лебот 28 до 38 денари на истиот леб. Дополнителнио ќе се утврди и количината и Државниот пазарен инспекторат ќе провери не само за цената, туку и за количината бидејќи е утврдено дека одредени производители, трговци ги намалуваат цените, но ги намалуваат паралелно и количините на тој производ. Затоа, под 450 грама бел и полубел леб не може да се продаде и тоа ќе биде со утврдена цена за највисока можна цена. Под тоа може да биде, над тоа не може да биде“,  изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Мерката за замрзнување на цените владата ќе ја презема откако анализата на Министерството за економија покажала дека кај голем дел од компаниите од прехранбената индустрија кои користеле субвенционирана електрична енергија од ЕСМ Продажба по цена од 80 евра за мегават час, немало намалување на цените на основните прехранбени производи.

Advertisements