Албански тинејџер скриен во детски мртовечки сандак се обидел да се прошверцува во Британија

Тинејџер од Албанија на 17 годишна возраст, чиј идентитет не се соопштува, уапсен е откако се обидел илегално да влезе во Велика Британија скриен во детски мртовечки сандак, објави Daily Mail.

Тој бил пронајден при рутинска проверка на комбето, а кога полицијата го отворила запечатениот мртовечки сандак го нашла свиткан.

Advertisements

Француските цариници изјавија дека тинејџерот им рекол дека на криумчарите за илегален премин во Велика Британија им платил 9.000 фунти (околу 10.100 евра).

„Влегов во мртовечки сандак на пумпа на автопат на северот на Франција и потоа ме измамија. Мислам дека бев таму околу еден час“, рекол тој пред судот, пренесува Daily Mail.

Возачот, по потекло од Романија, тврдел дека не знаел дека во комбето имал непријавен патник.

Во меѓувреме ја признал вината и морал да плати отштета од 4.000 фунти (околу 5.000 евра).