По три децении на македонската музичка сцена, „Реквием бенд“ ја заокружува својата приказна со нов албум што ќе содржи седум нови песни.
Како кулминација на долгогодишното творештво, албумот ќе биде објавен во септември, носејќи со себе емотивни мелодии и моќни текстови. Последната објавена песна од албумот, „10 години“, носи љубовна, но тажна приказна, која ќе допре до срцата на публиката.
Инаку, текстовите на сите песни се дело на Гого Реквием, аранжманите се на Дарко Тасев, додека продукцијата е под водство на Кристијан Габровски, со 90% од материјалот реализиран во САД.
„Реквием бенд“ со овој албум не само што го одбележува своето 30-годишно постоење, туку и го зацврстува својот статус како еден од најважните музички состави на македонската сцена.
Најновата песна со наслов – „10 години“, може да ја слушнете на линкот подолу.