Анџелина Џоли една од ретките актерки во светот што им даде поддршка на Турција и Сирија

Актерката Анџелина Џоли даде поддршка на народот во Сирија и Турција и повика да им се помогне на луѓето по катастрофата што ги погоди двете земји.

„Моето срце е со народот на Сирија и Турција. Тешко е да се сфати незамисливата болка што ја трпат толку многу семејства во овој момент. Ова ми го испрати еден пријател од северозападна Сирија. Решив да ги поддржам The Whitehelmets и Tphilanthropy. Се надевам дека и другите ќе размислат да дададат помош за да можат да продолжат со својата работа во спасување животи“, напишала Џоли.

Анџелина е меѓу ретките светски личности кои проговорија на оваа тема.

Advertisements
Џоли на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии од Турција, како и видео од маж кој вели дека им треба брза помош.