Земјотресот однесе уште еден млад живот – почина кошаркарка од турската репрезентација

Tурските медиуми јавуваат дека во разорниот земјотрес загинала кошаркарката Нилај Ајдоган (30).

Ајдоган отишла да ја посети својата баба во Малатија. Била студентка на приватниот универзитет „Чанкаја“ и играла за турската репрезентација во кошарка.

Претходно Универзитетот соопшти дека куќата во која се наоѓала е уништена, а имало и спасувачка акција. Лошата вест денеска ја потврди и Кошаркарската федерација на Турција.

Advertisements

„Ја дознавме трагичната вест за смртта на Нилај Ајдоган, студентка на Универзитетот Чанкаја, која настапуваше во националното женско првенство. Нека нејзината душа почива во мир, изразуваме сочувство до семејството, роднините и целиот кошаркарски свет“ – соопшти Кошаркарската федерација на Турција.

Од кошаркарката се простија бројни клубови, меѓу нив и Галатасарај и Фенербахче.