Анџелина Џоли заминува од УНХЦР – зошто го направи овој потег?

Славната актерка Анџелина Џоли се повлекува од функцијата специјална пратеничка на УНХЦР затоа што сака да „работи поинаку“ и на пошироки хуманитарни прашања, објави УНХЦР.

Жената која како специјален пратеник на ОН беше во повеќе од 60 мисии ширум светот, според објавеното соопштение на УНХЦР, има план да биде во непосреден контакт со луѓето на кои им е потребна помош.

Актерката вели дека по 20 години работа во составот на ОН, чувствува дека е време да работи поинаку, директно ангажирајќи се со бегалците и локалните организации.

Advertisements

„Анџелина Џоли е важен хуманитарен партнер на УНХЦР многу долго време. Ние сме благодарни за нејзината десетгодишна служба, нејзиниот ангажман и значењето што го имаше за бегалците и луѓето принудени да бегаат“, рекол високиот комесаријат на ОН за бегалци Филипо Гранди.