(ФОТО) Филмска приказна за големата љубов на фудбалската ѕвезда Синиша Михајловиќ и преубавата Аријана

Легендарниот фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ кој почина денеска на 53 годишна возраст ја потресе јавноста која во последниве три години откако тој се бореше со тешка болест леукемија го бодреше и се надеваше дека ќе се врати на спортските терени.

Италијанските, српските, но и медиумите пошироко не престануваат да известуваат за големиот шампион, фудбалска легенда и тренер.

Advertisements

Михајловиќ се бореше со леукемијата од 2019 година, успеа да ја победи и да се врати на тренерската работа, но за жал болеста повторно се врати и зададе силен, болен удар.

Српски Телеграф пишува дека Михајловиќ важеше за човек кој е посветен на семејството, пријателите, а дека најголема поддршка му беше сопругата Аријана, која остана покрај него и во убавите и во најтешките времиња.

Од првиот до последниот момент Аријана и Синиша беа рамо до рамо, а нивното запознавање е такво што може да се сними филм, пишува српскиот портал.

 Аријана Рапачони е поранешна ѕвезда на италијанската телевизија RAI UNO.

– Кога првпат ја видов помислив колку убави ќе ни бидат децата.

Тој убавата Аријана ја запознал преку заеднички пријатели во еден ресторан во Рим.

– Тоа беше љубов на прв поглед. Беше договорено Аријана да седне до мене. Сè заврши прилично ладно, со неколку необврзувачки реченици. Се однесував како воопшто да не ме интересира, а таа ми одговори на ист начин, изјавил славниот фудбалер во 2013 година за „Блиц пулс“.

Тие подоцна се зближиле, во 1996 година, се венчале и до крајот на неговиот живот останаа заедно.

Аријана роди две ќерки Вирџинија и Викторија и три сина Мирослав, Душан и Николас, а тој беше со неа и во убавите и во најтешките моменти.