Бидете внимателни – прекумерното консумирање на куркума може да предизвика здравствени проблеми

Иако куркумата уште од античко време е позната по своите ефективни својства, бидејќи има антибактериско дејство и е природен лек против артритис и ревматизам, се покажа дека прекумерното консумирање куркума може да доведе до фатално оштетување на црниот дроб, но и до предозирање.

Лекарите предупредуваат на предозирање со куркума, откако кај маж од САД пукна жолчното кесе поради земање премногу од овој зачин во прав.

Куркумата е ценет ширум светот поради неговите антиинфламаторни ефекти и се смета дека помага при ХИВ инфекции, стомачни тегоби, депресија и артритис. Додатокот обично се зема во форма на таблети или прашок.

Advertisements

Сепак, лекарите од Државниот универзитет во Њујорк ја нагласуваат потенцијалната опасност од прекумерно внесување на овој хербален додаток. Според извештајот, овој човек користел од 1.500 до 2.000 mg суплементи од куркума секоја вечер, додека максималната препорачана количина е од 500 до 2.000 mg.

Овие додатоци во исхраната не се препорачуваат за луѓе со жолчни камења, бидејќи куркумата ја зголемува способноста на жолчното кесе лачи жолчен сок во жолчните канали.

Студентот по медицина на Државниот универзитет во Њујорк, Алехандро Вега и специјалистот за бубрези д-р Ерни Јап, кои го разгледаа случајот, рекоа дека жолчните камења кај мажот во комбинација со предозирање со куркума може да предизвикаат пукање на жолчното кесе. Лекарите забележуваат дека дневната дозволена доза на куркума е од 500 до 2.000 mg.