Кралицата Елизабета не починала од природна смрт, британски Мирор открива непознати детали

Британската кралица Елизабета Втора почина на 8 септември 2022 година на 96-годишна возраст во нејзината резиденција во замокот Балморал во Шкотска.

Официјалната причина за смртта на нејзиното височество беше наведена како „старост“, но кралскиот биограф и близок пријател на принцот Филип, Џајлс Брандрет, тврди дека кралицата всушност имала ретка форма на рак на коскената срцевина што ѝ го одзеде животот, пренесува британски Мирор.

Слушнав дека кралицата има рак на коскената срцевина. Оваа дијагноза го објаснува нејзиниот замор, губење на тежината и оние „проблеми со подвижноста“ за кои често слушавме во текот на последната година од нејзиниот живот. Најчестиот симптом на миелом е болка во коските, особено во карлицата и долниот дел на грбот. До денес, не постои лек за оваа форма на рак, но постои терапија која може да ја намали сериозноста на симптомите и да го продолжи животот за 2-3 години“, напиша Брандрет во својата нова книга посветена на Елизабета Втора.

Advertisements

По смртта на кралицата, нејзиниот најстар син Чарлс со закон стана нов монарх.