Кого ќе поддржи Илон Маск на претседателските избори во САД?

Американскиот бизнисмен Илон Маск изјави дека е подготвен да ја поддржи кандидатурата на гувернерот на Флорида Рон Де Сантис на претседателските избори во САД во 2024 година. Маск ова го објави на Твитер.

Новиот сопственик на Твитер, Маск одговорил потврдно на прашањето дали ќе го поддржи републиканецот Рон Де Сантис на претседателските избори во 2024 година.

Advertisements

Инаку, 44-годишниот политичар, за кој во последо време се предвидува дека ќе биде републикански кандидат на претседателските избори во САД, се обидува да најде приврзаници во партијата кои се подготвени да се откажат од поддршката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Мнозинството поддржувачи на Републиканската партија, вклучително и бројни независни гласачи, се подготвени да го поддржат Де Сантис наместо Трамп. Според анкетата на YouGov, 42 отсто од испитаниците веруваат дека Де Сантис треба да стане републикански кандидат на претседателските избори во 2024 година.