Британката што го напиша „Хари Потер“ откри зошто ѝ се допаѓа српскиот претставник на Евровизија

Српскиот претставник Лук Блек, иако освои само 30 поени и се најде на 24. место, од вкупно 26 земји кои успеаја да се пласираат во финалето на ова натпреварување, сепак неговиот настап не остана незабележан.

Многумина го коментираа на социјалните мрежи. Меѓу нив е и писателката Џ. К Роулинг која не криеше дека и се допадна Лук.

„Ох, ми се допадна Србија. Сакам расположени момци со молив за очи“, напиша писателката.

Advertisements

Таа одговори на објава на Твитер, каде Лук Блек го споредуваат со лик од нејзините дела „Ink Black heart“, готска креација која се занимава со вампири.

„Тоа е точно. Затоа ми се допадна толку многу“, напиша Ролинс на Твитер.