Првиот месец од пролетта ќе им донесе пеколни искушенија на неколку знаци од Зодијакот. Нивниот живот може да се претвори во вистинска тортура, според астролозите.
Кој ќе нема среќа во март – прочитајте во продолжение.
Вага
Животот на Вагата многу ќе се промени во март. Ќе ги сфатите сите ваши грешки. Судбината решила да ви ги посочи сите ваши „гревови“ и тоа на стресен начин. Време е за враќање – зарем мислевте дека кога правевте зло, нема да ве стигне сега како бумеранг?!
Астролозите ги советуваат Вагите да го преиспитаат својот став кон луѓето. Можеби навистина ги навредувате оние кои не го заслужуваат тоа. Меѓу другото, Вагите ќе мора да страдаат и поради сопствената агресија. Доколку не ја контролираат и не се променат, ризикуваат љубовниот живот да си го претврат во пекол – од кавги па дури до физичка пресметка и на крајот, секако разделба.
Водолија
Водолијата ја очекуваат тешки тестови. Ќе треба да вложите многу работа на себе. Може да се фатите за глава кога ќе ја сфатите големината на сè што треба да направите во март.
Сепак, тоа не се случува тукутака. Бевте многу мрзеливи, префрлајќи ја одговорноста на другите. Сега ќе мора да бидете одговорни и тоа двојно повеќе. Ако продолжите по мрзеливиот пат, ризикувате финансиски колапс!
Близнаци
Астролозите веруваат дека Близнаците можат да страдаат поради сопствените стравови. Толку ќе се плашите ос сенешто, што самите животот ќе си го претворите во вистинска тортура. Во март, пресилен страв може да ги уништи сите ваши планови, па дури и а крајот да се случи од тоа што се плашите (сами да го предизвикате) – да си ја загубите работата.
Научете да размислувате рационално. Откажете се од суеверија и престанете да верувате во предзнаци. Си го расипувате животот поставувајќи пречки и ограничувања.