Познатиот актер Драган Бјелогрлиќ на фејсбук објави фотографија која, како што коментираат неговите фанови не враќа во старите добри времиња, на скромно среќно детство кога речиси сите семејства на бивша Југославија дома на своите телевизори имаа ама баш исти декорации – украсни стаклени риби и исти фигурини и секако неизбежното рачно изработено миленце.
Актерот ја коментира токму декорацијата со која е невозможно да се украсат модерните телевизори:
„Овие денешните немаат опција за декорација“, пишува на фотографијата.
Фановите на Бјелогрлиќ оваа стара фотографија ја искористија да се потстеат на старите времиња кога на ТВ екраните гледале вистински серии како „Бољи живот“, „Камионџии“, „Позориште у кучи“, „ Жежок ветар“ и други.