Кошаркар аматер преку ноќ доби богатство. Не го заслужи, не го бараше, но многу го исплаши.
Кога Жоао Виктор Гомез да Силва ги отвори очите едно утро, тој доби порака од банката на неговиот телефон.
Тој погледна и беше шокиран. Не можел да поверува бидејќи му биле иплатени дури 350.000 евра.
Сфатил дека е грешка, но се плашел дека може да стане жртва на измама што би можела да го одведе во затвор. Или нешто уште полошо.
Грешката ја направи Фламенго од Рио де Жанеиро. Гомез таму играше кошарка до 2020 година, а клубот го помеша со фудбалер со исто презиме, го помеша со Жоао Виктор Гомес да Силва. Во јануари го продаде на Вулверхемптон.
View this post on Instagram
Кошаркарот добил 1,89 милиони реали или поточно околу 350.000 евра.
Сепак, тоа не го воодушеви, туку го исплаши.
„Бев исплашен затоа што не знаев од каде доаѓаат парите. Мислев дека некој згрешил кога ги депонирал парите или нешто слично. Мојот пријател исто така ми рече дека морам да бидам внимателен бидејќи некој би можел да ја искористи мојата сметка за перење пари“, изјави 19-годишникот за Глобо Еспорте.
Фудбалерот премина во англискиот клуб за трансфер од 18,7 милиони евра, а Фламенго требаше да му плати 350.000 евра како дел од договорот. Фламенго уплатата ја изврши на 27 февруари, но грешката беше забележана дури четири дена подоцна.