(Фото) Британците си играат мајтап со принцот и Меган- лансираа пиво „Горчлив Хари“

Сопственик на популарен британски паб откако излезе документарниот филм „Хари и Меган“ пуштил во продаажба ново пиво и го нарекол „Горчлив Хари“.

– Му благодариме на пабот „Дјук фром Сасекс“ во Чисвик, Западен Лондон, за овој одличен британски одговор на жалниот документарец на Нетфликс за Хари и Меган. Како што доликува, „Горкиот Хари“ со содржина на алкохол од само 3,9% е слаб како и неговиот истоименик“, напиша еден твитерџија кој не само што го гледал документарецот, туку и го пробал новото пиво.

Логото на пивото го прикажува принцот Хари во црвена, бела и сина боја.

Advertisements

„Ова е смешно“, „Вилијам и Кејт треба да дојдат и да се напијат“, „Ја сакам британската смисла за хумор“, реагира друг корисник на Твитер.