Во некои земји консумирањето алкохол е поврзано со традицијата, во други е дел од секојдневната култура и дружењето со семејството и пријателите, но лесно може да се претера.
Консумацијата на алкохол во секоја земја многу варира и е под влијание на законите, културата и другите карактеристики на секоја земја. Светската здравствена организација забележала консумација на алкохол во секоја земја во литри чист алкохол за пива, вина, жестоки пијалоци и други алкохолни пијалоци.
Евидентирана е просечна потрошувачка за лица постари од 15 години. Светската просечна потрошувачка изнесува 6,18 литри, со посебно висока концентрација на повисоки потрошувачи во Европа, објави World population review.
За да се објаснат разликите во содржината на алкохол во различни пијалоци (на пр. вино или пиво), вредностите се изразени во литри чист алкохол годишно, а топ 10 листата изгледа вака:
Чешка – 14.26
Летонија – 13.19
Молдавија – 12,85
Германија – 12,79
Литванија – 12,78
Ирска – 12,75
Шпанија – 12,67
Уганда – 12.48
Бугарија – 12.46
Луксембург – 12.45 ч
Што се однесува до Македонија, податоците покажуваат бројка од 6.43 литри по глава на жител годишно. Благодарејќи на ова, нашата земја се наоѓа на 82-то место на оваа листа. Треба да се истакне дека мажите пијат 10.36 литри годишно, а жените 2.54 литри алкохол годишно.