(ФОТО) Ќерките на Брус Вилис едвај собраа сили по болната вест за нивниот татко

Ќерките на Брус Вилис се огласија за новата дијагноза, деменција, откако неговата поранешна сопруга Деми Мур (60) вчера откри дека Брус боледува од таканаречена фронтотемпорална деменција, која е резултат на наследни или спонтани нарушувања кои предизвикуваат влошување на фронталниот, а понекогаш и темпоралниот лобус на мозокот.

По новата тажна вест се огласи и ќерката на актерот Скаут (31) која е од бракот со Деми.

„Се чувствувам емотивно уморна и малку преоптоварена, но и многу воодушевена од љубовта што толку многу луѓе ја имаат кон мојот татко“, напиша таа покрај нејзината фотографија на Инстаграм „стори“.

Advertisements

Нејзината постара сестра Румер Вилис (34) и помладата сестра Талула Вилис (29) ја поддржаа и ја споделија нејзината објава, истакнувајќи дека се многу благодарни за поддршката што ја добиле откако објавиле дека нивниот татко е болен.