Песочните дини со различни форми и големини се вообичаени на површината на Марс, но кружните се многу ретки, соопшти НАСА.
Сликите, направени на северната хемисфера на Марс, покажуваат дини со кружен облик и малку асиметрични, со едната страна повеќе навалена кон југ, соопштија научниците од Универзитетот во Аризона.
Фотографиите од дините би можеле да им помогнат на научниците да ја одредат насоката на ветровите на Марс.
Марс има и циклична промена од четири сезони, а фотографиите покажуваат како мразот исчезнува на крајот од секоја зима.
Додека некои фотографии на НАСА покажуваат дини покриени со мраз, други не. Фактот дека имаат наклон кон југ укажува дека дувал ветер и од тој правец донел песок, тврдат научниците.
#PPOD: The slight asymmetry in these #Mars sand dunes shows their steep sides are orientated towards the south. This indicates sands are blown southwards, though the Martian winds may be variable. The image width is ~1 km across. Credit: @NASA @NASAJPL @Caltech @uarizona @HiRISE pic.twitter.com/PNjFGF7I7N
— The SETI Institute (@SETIInstitute) March 15, 2023
Но, научниците не се сигурни како дините ја добиле својата речиси совршена тркалезна форма.
„Песочните дини со различни форми и големини се вообичаени на Марс. Во овој случај, многу е чудно што тие се речиси совршено тркалезни“, наведуваат научниците од Универзитетот во Аризона.
Фотографиите се направени од Марс Орбитер, лансиран во 2005 година за проучување на Црвената планета, со помош на експериментална камера со висока резолуција.