Шеесет и петгодишната Мадона очигледно дека се уште не може да им прости на злите јазици кои јавно ја прозваа како изгледа со своето отечено лице на престижната манифестација Греми, каде беше јасно за многумина дека таа имала естетска корекција.
„Погледнете колку сум симпатична сега кога отокот од операцијата се намали, напиша Мадона под новата фотографија на Твитер.
Фановите на пејачката коментираат со одобрување дека таа сега помалку наликува на себе.
Мадона, постојано е на нож со критичарите кога нешто ќе и забележат за нејзиниот изглед.
Таа неодамна коментираше дека „светот е загрозен поради мојата моќ и мојата издржливост. Поради мојата интелигенција и мојата волја да преживеам. Но, никогаш нема да ме скршат“им порача Мадона на социјалните медиуми.
Look how cute i am now that swelling from surgery has gone down. Lol ? pic.twitter.com/jd8hQyi2Az
— Madonna (@Madonna) February 20, 2023