(ФОТО) Сопругата на Михајловиќ предизвика лавина од емоции на Инстаграм

Аријана Михајловиќ, сопругата на легендата на српскиот и на југословенскиот фудбал Синиша Михајловиќ со една фотографија предизвика лавина од емоции.

Таа на Инстаграм објави фотографија од нејзината внука Виоланта, а под неа и на Михајловиќ, заедно со краток опис: „Исти дедо“.

На тоа се надоврзаа многу обожаватели на Михајловиќ, кои ги потврдија нејзините зборови.

Advertisements

Синиша Михајловиќ почина на 16 декември 2022 година на 54-годишна возраст по долга борба со леукемија. Тој беше погребан три дена подоцна во Рим, оставајќи ги зад себе сопругата Аријана и шест деца.