(ФОТО) Сталоне сакал со порше и стан да ја освои Памела Андерсон

Силвестер Сталоне на Памела Андерсон ѝ понудил да биде негова „девојка број еден“. Ова го тврди Памела во документарецот кој ќе биде објавен на 31 јануари.

Наводно, како што вели таа, познатиот актер ѝ понудил недвижен имот и луксузен автомобил за да биде негова девојка.

„Ми понуди „порше“ и стан за да му бидам девојка број еден. Го прашав дали тоа значи дека има девојка број 2? Ми рече дека тоа е најдобрата понуда што ќе ја добијам бидејќи сега сум во Холивуд. А јас сакав само љубов. Не сакав ништо помалку од тоа“, со насмевка вели Памела.

Advertisements
Агентите на познатиот актер ги негираат овие наводи.

„Изјавата на Памела Андерсон во врска со нашиот клиент е лажна и измислена. Господинот Сталоне потврдува дека никогаш не кажал или понудил нешто од она што е во нејзината изјава“, соопшти неговиот ПР оддел.