Наводната љубовна врска на Мило Ѓукановиќ со Јелена Шќепановиќ, 23 години помладата манекенка од Никшиќ, се разгоре во 2011 година, а откако поранешниот претседател на Црна Гора загуби на изборите, темата повторно стана интересна за регионалните медиуми.
Мило Ѓукановиќ беше на власт во Црна Гора повеќе од три децении, а сега веќе поранешниот претседател е оженет и има син Блаж и двајца внуци. Лидија Ѓукановиќ, неговата сопруга, 35 години стои зад својот сопруг, а во јавноста малку се знае за неа.
Сепак, иако е официјална, Лидија очигледно не беше единствената жена во животот на Мило Ѓукановиќ во изминатите години – барем ако им се верува на тврдењата на медиумите. Медиумите повремено го поврзуваа Ѓукановиќ со бројни познати жени од јавниот живот на Црна Гора и Србија, од пејачката Јасна Миленковиќ Јами, до наводно огнената манекенка Јелена Шќепановиќ.
View this post on Instagram
Наводната љубовна врска со Јелена Шќепановиќ, 23 години помладата манекенка од Никшиќ, избувна во 2011 година, кога медиумите беа преплавени со наслови како „Мило Ѓукановиќ ја остави сопругата, сака 23 години помлада убавица“ (24sata.hr) и „Жени и часовници: Мило Ѓукановиќ се разведува поради манекенката Јелена Шќепановиќ“ (Слободна Далмација) со тврдења дека „од круговите блиски до познатиот пар може да се слушне дека и двајцата се многу заљубени“. Сознанието на медиумите го пренесоа и бројни босански, хрватски и црногорски портали.
Набрзо се појавија информации дека Јелена наводно е бремена, па дури и дека чека близнаци. Поради аферата која крена голема прашина, Јелена наводно се преселила во Рим, и тоа по инсистирање на Ѓукановиќ, кој и отворил агенција во градот на вечноста за продажба на авионски билети. Најмоќниот човек во Црна Гора никогаш не ја коментирал оваа афера, но кумот на браќата Ѓукановиќ, Горан Ракочевиќ, тврди дека целата приказна е измислена.
„Таа зборува само за него, а и тој искрено се заљубил“, наводно тогаш за медиумите изјавиле пријатели на Јелена, а тогаш се шпекулираше и дека Ѓукановиќ започнува развод поради младата манекенка.
Инаку, Јелена Шќепановиќ во светот на високата мода влезе на шеснаесет години, со одличен пласман на натпреварот „Elite Model Look“. Живеела во Милано и Барселона, а работела за многу познати имиња од светската модна индустрија. Таа се испроба и во водителска улога на популарниот фестивал во Будва „Песна на Медитеранот“, а беше избрана и за туристичка амбасадорка на Црна Гора, добивајќи ја главната улога во туристичкото промотивно видео „Длабоко здив“ или „Црна Гора одзема здив“.