Познатата турска актерка Џансу Дере, исчезна по силниот земјотрес во Турција, јавуваат тамошните медиуми.
Властите продолжуваат со потрагата на Дере која сѐ уште се води за исчезната. Нејзиното име почна да се шири на социјалните мрежи поради загриженост за нејзината безбедност. Џансу е родена на 14 октомври 1980 година во Анкара.
Нејзиниот татко е бугарски имигрант, а таа има и грчки корени. Детството го поминала во Езмир, а потоа се преселила во главниот град на студии.
Како што одминуваат деновите, некои луѓе ја објавија нејзината смрт на социјалните мрежи. Сепак, засега ниту еден од надлежните, роднините, или колегите не го потврдиле ова, па сѐ уште постои надеж да се случи чудо.
Многумина се вознемирени од фактот што членовите на нејзиното семејство се уште не се огласиле. Од друга страна, нема потврда дека Џансу Дере во тоа време била на југот на Турција, а нејзината последна објава на Инстаграм беше од 5 јануари.
Популарната актерка одигра голем број улоги по кои и е позната на публиката ширум светот, а публиката кај нас ја памети по улогите во турските серии „Езел“ и „Сулејман Величенствениот“.
View this post on Instagram