Сметките за вода може да ги платите на рати и без камата

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека од утре, 15.02.2023 започнува акција за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање.

Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 15.02.2023 заклучно до 31.03.2023.

„Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање – велат од „Водовод и канализација“.

Advertisements

Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес.

По истекот на овој период одлуката престанува да важи.

Дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје може да побарате на 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300, Дирекција; kontakt@vodovod-skopje.com.mkwww.vodovod-skopje.com.mkwww.facebook.com/jpvodovod.skopje