Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ не одигра идеално на првиот меч по победата на Австралија опен.
Дека повеќе не се важни победничките ловорики од Мелбурн му покажа Томаш Махац, кој го натера многу да да се намачи во првите два сета од мечот во Дубаи.
Новак го доби првиот сет со 6:3, а во вториот загуби со 6:3 и не можеше да го прекине налетот на својот ривал од Чешка.
Сепак, во неколку ситуации можеше да се насети дека нешто не е во ред со српскиот играч. Прво, на крајот од првиот сет, кога луѓето од неговиот тим измешаа пијалок што Ѓоковиќ повремено го консумира за време на натпреварите, пишува Нова.рс.
Потоа во вториот сет, при резултат 4:2 за Махач, кога Клаудио Чимаља, физиотерапевтот на Новак, му подаде таблети на Ѓоковиќ.
На крајот од сетот загуби и отиде во тоалет, на пауза за да го врати фокусот, што обично Ѓоковиќ го прави кога нешто сериозно ќе тргне наопаку.
Новак уште еднаш покажа зошто е „крал“ на тајбрејковите. Направи мини-брејк на стартот, потоа беше сигурен на своите сервиси и стигна до 4:1, потоа направи уште еден мини-брејк и на крајот го доби тајбрејкот со 7:1.