(ФОТО) Загина позната актерка од турската серија „Горка земја“, настрада и нејзината ќерка

Во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција загина актерката Емел Атиџи од  серијата „Горка земја“, потврдија од продуцентската куќа „Тимс&Б“.

Актерката, како што јавуваат турските медиуми, загинала во Адана, а во земјотресот настрадала и нејзината ќерка.

„Изразуваме сочувство до семејствата и најблиските на Емел Атиџи, вредната актерка на нашата ТВ серија „Беше еднаш во Чукурова“, се вели во објавата со сочувство до семејството кое ја загуби и ќерката на Емел.

Advertisements

Продуцентската куќа изразува сочуство и до семејствата на сите настрадани во разорниот земјотрес.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ali Av (Alicia Avilés ) (@alycet40)