Рано утрово избил пожар во викендичката на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, во село Леуново, Маврово, објави телевизија Телма повикувајќи се на информации од полицијата.
Пожарот бил пријавен во 6:10 часот утрово од викендицата која се наоѓа во близина на хотелот „Радика“ во Маврово.
Пожарот избувнал од засега непознати причини, а натамошната истрага треба да ги открие причините за пожарот.
Од МВР за „Телма“ потврдиле дека Зечевиќ бил во викенд-куќата која е во сопственост на неговата мајка и го пријавил пожарот.