(ФОТО) Злокобната болест ѝ го претвори животот во пекол, а сега го губи и својот сопруг – Шенон Доерти се разведува

Познатата актерка од серијата „Beverly Hills 90210“, Шенон Доерти која се бори со злокобната болест – рак на дојка, поднела барање за развод од Курт Исвариенкo, пишува Дејли мејл.

Таа претходно на социјалните мрежи објави порака за љубовта и почитта, како да навестуваше дека наскоро ќе се објави и веста за нејзиниот развод.

„Единствените луѓе кои заслужуваат да бидат во твојот живот се оние кои кон тебе се однесуваат со љубов, љубезност и целосна почит“.

Advertisements

Всушност, Доерти барањето за развод го предала во петокот по 11 години брак, а истото го потврдила нејзината претставничка Лесли Слоун за „USA Today“.

„Разводот е последното нешто што Шенон го сакаше. За жал, чувствуваше дека нема други опции. Можете да се обратите кај агентката на Курт, Колиер Грим, бидејќи таа е интимно вмешана во тоа“, рекла Слоун накратко и со тоа сугерирала дека причината за разводот е друга жена.