Го држеше за рака во најтешките моменти по сообраќајката, но славниот спортист ја исфрли од дома

Ерика Херман, поранешната девојка на познатиот спортист и голфер Тајгер Вудс, го тужела својот поранешен партнер и барала голема сума на пари од него.

Херман тврди дека била жртва на заговор и бара отштета од 30 милиони долари бидејќи Вудс наводно ја избркал од куќата и ја понижил.

Интересно е што тие двајца се во врска од 2017 година, а Ерика беше покрај Будс и по страшната сообраќајна несреќа во која едвај преживеа.

Advertisements

Сепак, дошло до одреден конфликт, па Вудс ја испратил својата девојка на одмор, по што повеќе не смеела да влезе во куќата.

„Ерика остави се за да биде со Тајгер. Го држеше за рака во најтешките моменти, му беше голема поддршка. Таа му даде сè“, откри за американските медиуми извор близок на Херман.

Вудс и Ерика не биле во брак, а 38-годишната девојка во 2017 година потпишала договор со познатиот голфер дека не може да го тужи по потенцијалното раскинување.

Таа сега ангажирала адвокати и сака да се обиде да го поништи тој договор, бидејќи верува дека заслужува компензација за понижувањето што го претрпела.