Го молиме Бога за милост, брзо закрепнување на мојата Турција – актерот Бурак Озчивит со сочувство за загинатите

Познатиот актер Бурак Озчивит во емотивна порака на социјалните мрежи изрази сочувство до семејствата на загинатите во катастрофалниот земјотрес во Турција.

Бројот на загинати во земјотресот во Турција и Сирија денеска надмина 6.200 луѓе и се очекува да продолжи да расте, додека пристигнуваат спасувачки тимови и меѓународната помош, а спасувачите по многу студено време со сите сили се обидуваат да извлечат преживеани од под урнатините.

„Ѝ посакувам брзо закрепнување на мојата Турција. Го молиме Бога за милост, за нашето население, и лесна земја за оние кое ги загубија животите во оваа катастрофа. Моето сочувство до нивните семејства и најблиските, а на повредените им посакувам брзо закрепнување“, објави актерот.

Advertisements

Земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што рано вчера ги погоди Турција и Сирија, проследен со серија последователни потреси и уште еден голем земјотрес со јачина од 7,5 степени, остави стотици километри уништени области во југоисточна Турција и соседна Сирија. Земјотресот урна илјадници згради, носејќи нови страдања во регионот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Burak Özçivit (@burakozcivit)