Уапсен поранешен министер, им ги бушел гумите на соседите

Миленко Врачар, поранешен министер за финансии во Владата на Република Српска, е уапсен под сомнение дека им ги бушел автомобилските гуми на соседите, потврди „Независне новине“.

Тој е уапсен од припадници на полициската управа Бањалука, во чии простории моментално се наоѓа Врачар.

Advertisements

Наводно, според пишувања на други медиуми, имало и доказ за стореното дело на поранешниот функционер, односно снимка од безбедносни камери.