Исчезна позната пејачка, полицијата бара помош од граѓаните во потрагата

Катарина Раутек Омазиќ (39), поранешна пејачка на популарниот бенд Е.Т. исчезнала вчера наутро, пренесуваат хрватските медиуми.

Според информациите на веб-страницата nestali.gov.hr, Катарина вчера исчезнала и се оддалечила од загрепската болница на улицата Свети Дух и оттогаш никој не знае каде е.

„Доколку имате информации за ова лице, ве молиме известете ја најблиската полициска станица или јавете се на 192. Информации можете да доставите и преку е-маил адресата: nestali@nestali.hr“, се вели во соопштението од Јавното обвинителство на Загреб, кое извести за исчезнувањето на пејачката.

Advertisements

Катарина е во брак со претприемачот Јосип Омазиќ.

Таа пред 7 години беше во центарот на медиумското внимание поради наводното насилство на нејзиниот поранешен партнер.