Матурантите од Техничкото училиште во Задар ѝ приредија несекојдневно и неочекувано изненадување на својата класна раководителка Нина.
Имено, учениците во училишниот двор донеле нов автомобил кој ѝ го купиле, а радоста и солзите не изостанаа, пишува „Задарски лист“.
Снимката на својот Инстаграм профил ја сподели страницата „Наш Задар“.
Како што може да се види од видеото, професорката не можела да поверува што се случува, а од емоции не успеала ниту да ги задржи солзите поради ваквото големо изненадување.
„Е тоа се вистински деца, браво“, „Таа ги подготвила за животот, а тие ѝ возвратија – браво млади!“, „Горди сме на нашите деца“, „Браво за матурантите, но и браво за професорката“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.


