Со голема тага и неверување ја примив веста за смртта на мојот близок пријател, долгогодишен соработник и член на Советот на Општина Ѓорче Петров, г-дин Божин Давидовски, соопшти на социјалните мрежи градоначалникот Александар Стојкоски.
– Повеќе од 20 години заедно работевме, споделувавме идеи, борби и визија за подобар живот на нашите сограѓани. Божин беше човек со големо срце, чесен, посветен и секогаш подготвен да помогне.
До последен момент се бореше за интересите на жителите на с. Орман и остави траен белег преку бројните инфраструктурни проекти и дела кои ќе останат сведоштво за неговата посветеност. Ѓорче Петров загуби искрен човек и борец, а јас изгубив пријател.
Изразувам длабоко сочувство до неговото семејство, блиските и сите кои го познаваа, објави Стојкоски.
Погребот е во 13 часот, Сабота, на селските гробишта во с. Орман. Бог да го прости.



