„Неговиот живот само што почна, многу ми е жал“ – Саша Поповиќ по смртта на ѕвездата на „Гранд“

Пејaчот и поранешен учесник во музичкиот натпревар „Ѕвезде Гранда“, Немања Вуковиќ (23) загина синоќа во страшна несреќа. Момчето имаше само 23 години.

– Бев многу, многу тажен од оваа вест. Немања се натпреваруваше кај нас кога имаше 18 години, беше добар пејач. Жал ми е за секој човек кој нè напушта и кого го познавав, а камоли за овој добар дечко, оваа младост, животот што штотуку започна… Многу ми е жал, мое сочувство до неговото семејство, пријателите и сите кои знаеја и го сакаше Немања – изјави Саша Поповиќ за „Блиц“.

Очевидци за српскиот портал Телеграф велат дека младото момче пред кобната несреќа ималo сообраќајка која ја преживеал, излегол од автомобилот и тогаш бил прегазен од автобус. Починал на самото место.

Advertisements

Немања изгубил контрола на возилото и удрил во банкината. Зад него имало две возила и тие се судриле, но тој судир не е директно поврзан со несреќата на Немања. Младиот пејач излегол од автомобилот, за да види што се случило, а преку улицата на автопатот имало полицаец кој му кажал да остане со своето возило, сè додека не ја провери состојбата на возачот, кој се судрил само неколку моменти подоцна.

Иако бил предупреден од полицаецот да остане покрај возилото, Немања се затрчал кон другата страна на автопатот.

Телеграф пишува дека пејачот, претрчал преку улицата кога на него налетал автобус и го усмртил.

Несреќното момче, како што пишуваат српските медиуми, на својот Инстаграм профил објавил непосредно пред смртта, односно пред самата несреќа, снимка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nemanja Vuković (@nemanjavukovicc)