(ВИДЕО) Се судрија авиони во лет – тешка несреќа во близина на Рим, има настрадани

Двајца пилоти загинаа кога воените авиони со кои летаа се судрија над Гвидонија Монтечелио, на околу 35 километри североисточно од Рим.

Едниот од лесните авиони се урна на земја во воздухопловната база Гвидонија, а другиот на паркиран автомобил на улица. Други повредени нема, јавуваат италијанските медиуми.

Според локалните медиуми, пилотите биле единствените патници во леталата.

Според првичните информации, во несреќата учествувале два стари воени авиони.

Два ултралесни авиони У-208 му припаѓаа на 60-то крило на италијанските воздухопловни сили. Како што се дознава, еден од двата авиони, користени за обука, паднал на автомобил паркиран недалеку од некои куќи, додека другиот авион паднало на ливада.

Авионите летале како дел од однапред испланирана мисија за обука, а причината за несреќата се уште не е позната.